Владата на 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија во земјава која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од оваа држава во рок 14 дена.
Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, на 21 декември донесе одлука за забрана на авионски летови од Велика Британија до Северна Македонија.
На средината на месецов здравствените власти на Велика Британија соопштија дека е откриена нова варијанта на коронавирусот, која многу брзо се шири. По оваа информација, многу европски држави го прекинаа сообраќајот со Велика Британија, а кај нас беше воведена забрана за авионски летови.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.