еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина ќе произведува оружје со шест членки на НАТО

Украинскиот државен концерн за оружје „Укроборонпром“ соопшти дека заеднички ќе произведува и развива тешко оружје и воена опрема со најмалку шест земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги Полска, Чешка, Франција, Данска и неколку други со кои се потпишани договори за неоткривање на податоци.

„Укроборонпром“ соопшти дека започнал со производство на муниција со калибар 122 и 152 мм, како и мини од 120 мм засновани на технологија на НАТО, што, како што се истакнува, треба да ја намали зависноста на Украина од артилериски испораки од странство.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Негативни на корона вирусот сите 184 теста направени вчера во градинките

Редакција

Медицински сирупи на „Мејдн фармацеутикалс” усмртија 66 деца во Гамбија, им ги оштетиле бубрезите

Редакција

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција