еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Националната комисија за УНЕСКО денеска на седница донесе заклучок на Општина Охрид да ѝ се препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

– Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по седницата на Националната комисија за УНЕСКО.

Исто така, на Општина Охрид ѝ се препорачува, рече министерката, да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и  урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

– Во новата Одлука Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година, рече Костадиновска-Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за транспорт се огласи за хотелот во Лагадин

Хотелот во Лагадин ќе се гради, поништено решението на Пецаков со кое беше стопирана градбата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрени буџетски средства за решавање на проблемите со Преспанското и Дојранското Езеро

Редакција

Врвен мотивациски перформанс на Ана Дорник во Скопје

Редакција

(Фото) Македонски студенти за пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ освоија злато во Сеул

Редакција