еМагазин
Бизнис

УНИ Банка со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

УНИ Банка АД Скопје заклучно со третиот квартал од 2023 година оствари позитивни финансиски резултати, информираат од Банката преку Македонската берза. 

-Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2023 година изнесуваат 1.595.5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од  11.7%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 335.1 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2022 година се зголемени за 25.8%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на Банката, треба да се истакне порастот на приходите од провизии од 5.5%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги, велат од таму.

Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2023 година изнесуваат 1.260,4 милиони денари и бележат зголемување од 6.7% во однос на истиот период од 2022 година.

-Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемувањето на административните расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со добивка во првото полугодие

УНИ Банка ќе дели дивиденда од 282,9 денари бруто по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани четири случаи на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско

Редакција

„Лотарија на Македонија“ оствари добивка од 7,2 милиони денари

Редакција

Општина Центар склучи договор со А1 Македонија вреден 2 милиони евра

Редакција