еМагазин
Image default
Македонија

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

Одделението за протокол и односи со јавноста na Универзитет во Тетово соопшти дека на седница на нивниот Сенат било одлучено да се поништи тековниот оглас за избор на ректор од 18 мај 2023 и да се распише нов.

Според соопштението, причината е со намера изборот да се врши без притисоци од јавноста.

-Сенатот на Универзитетот во Тетово на ден 29.5.2023 година одржа седница и донесе одлука за поништување на јавниот оглас за избор на ректор, објавен на 18.5.2023 година и донесе одлука за објавување нов оглас за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за мандатниот период 2023-2026 година.

Причините поради кои се донесе таква одлука се единствено поради фактот постапката за избор на ректор да се врши без притисоци од јавноста и други трети страни поради кои се нарушува институционалниот интегритет на Универзитетот и се остава простор за заткулисни намери, се вели во соопштението.

Од Одделението за протокол и односи со јавноста велат дека понатамошната постапка за избор на ректор ќе ја спроведува Универзитетската изборна комисија, која е формирана од страна на Сенатот на Универзитетот.

-Иако, Сенатот има и уставно и законско и статутарно право на автономија во донесувањето одлуки во однос на изборот на ректорот, во случајов тоа е јасно утврдено со членот 9 став (4) од Законот за високото образование и членот 9 став (4) од Статутот на Универзитетот во Тетово, поради погоре нотираната причина, беше одлучено критериумите кои ќе бидат содржани во новиот јавен оглас да бидат единствено оние кои се дословно цитирани во Законот, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80,6% од починати од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Децата од Гевгелија имаат обична вирусна инфекција, им се „буди“ имунитетот, вели Филипче

Редакција

Обвинетиот за „Титаник 3“, Исмет Гури вели дека случајот е монтиран

Редакција