Со заедничка изјава, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент.
„Со радост го поздравуваме најновиот клучен чекор во ратификацијата на Преспанскиот договор, со денешното гласање во грчкиот парламент.
Од самиот почеток Европската Унија силно го поддржуваше историскиот договор потпишан од премиерите Ципрас и Заев, по преговорите под покровителство на ОН.
Беа потребни политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се разреши еден од најдлабоките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна можност која поставува пример за помирување во Европа како целина и ќе даде дополнителен поттик на европската перспектива на регионот.
Додека со радост ги исчекуваме следните процедурални чекори што ќе доведат до целосно спроведување на договорот, можеме со сигурност да кажеме дека Атина и Скопје заедно испишаа нова страница на нашата заедничка иднина во ЕУ“, стои во изјавата на Јункер, Могерини и Хан.
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доналд Туск со честитка и на македонски јазик за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција
Заев: Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа
Договорот од Преспа ратификуван во грчкиот Парламент со 153 гласа