еМагазин
Image default
Македонија

Уписите во основните и средните училишта во јуни, на факултетите во август и септември

Уписите во основните и средните училишта ќе се спроведат во јуни, соопшти денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

На прес-конференцијата во Владата, Адеми рече дека се подготвени конкретни протоколи до Комисијата за заразни болести и оти очекуваат одговор оттаму за да може потоа да ги испратат до образовните институции.

„Цел јуни ќе им биде на располагање на родителите на првачињата за да ги достават сите документи до основните училишта каде треба да се запишат нивните деца. Веќе подготвиме конкретни протоколи кои се доставени до Комисијата за заразни болести. Тоа се протоколи за упис во основно и во средно образование и очекуваме дека Комисијата ќе ни одговори“, рече Адеми.

Запишувањето на првачињата требаше да се реализира во мај, но беше одложено поради актуелната ситуација со корона вирусот.

Уписите во средните училишта ќе се спроведат според конкурсот објавен кон крајот на март.

На високообразовните институции уписите ќе се реализираат во авгсут и септември, а до крајот на мај треба Владата да донесе одлука околу квотите за упис на државните универзитети.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен „празничен“ полициски час од 19 часот во сабота до 05 часот во вторник

Има 32 години: Во градот Струмица евидентиран првиот позитивен на коронавирусот

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во штипските училишта има позитивни и суспектни случаи на Ковид-19

Редакција

Мицкоски: Оставката на Рашковски требаше да се случи многу порано

Редакција

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Редакција