Управата за финансиска полиција го демантира бизнисменот Зоран Азманов, кој посочува дека вработените од Управата доставиле одредена службена документација на претставници на одредени медиуми.
„Управата за финансиска полиција е составен дел на правосудната полиција како орган за кривичен прогон на сторителите на кривични дела од областа на организираниот финансиски криминал и кривични дела кои што се гонат по службена должност.
Финансиските полицајци при извршување на своите надлежности и активности постапуваат согласно Законот за кривична постапка и Законот за финансиска полиција и со обезбедените предмети и документација постапуваат со висок степен на доверливост почитувајќи ги законските правила и прописи.
Со оглед на гореизнесеното, демантираме каква било вмешаност на вработени од Управата за финансиска полиција и доставување на службена документација на лица надвор од Управата“, се вели во демантот на Управата.
Азманов вчера најави тужба до сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски за кој тој тврди дека го уценувал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Азманов поднел кривична пријава против Бојан Јовановски за изнуда и изнесување невистини
Фото: УФП