еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Уриваме црни рекорди за корона вирусот, важно концерти ќе има

Во Македонија вчера беа забележани рекордни 12 починати од корона вирусот во 24 часа, што разбирливо го наметнува прашањето дали стратегијата за олабавување на рестриктивните мерки е избрзана и дали таканаречениот втор бран на корона вирусот станува цунами кое ќе трае подолг период.

Имено, болниците секојдневно стануваат се пополни со новозразени пациенти. Во изминатиов период речиси секој ден бројката на новозаболени надминува 100 лица. Тоа го потврдија и надлежните кои јавно соопштија дека вториот бран дошол побрзо од очекуваното и дека е со многу посилен интензитет од првиот.

Но, иако трендовите стануваат загрижувачки и понатаму се олабавуваат мерките, па така најново е што е усвоен протокол со кој се дозволува организирање музички концерти и настани.

Разбирливи се барањата на музичарите и промоторите за враќање на концертите пред се од финансиски причини. Сепак, не треба да се заборави дека само до пред неколку недели концерти гледавме онлајн во рамки на „Култура во време на корона“ кога бројките на новозаразени беа многу помали.

Ваквите топло-ладно политики во однос на справувањето со корона вирусот го почувствуваа граѓаните кои сега се многу позагрижени.

Тоа го покажа најновата анкета на БРИМА според која наглиот пораст на епидемиската крива се одразува и врз поддршката на народот околу справувањето на властите со коронавирусот, кој бележи стрмоглав пад од 65 отсто во март на 48 отсто во јуни, силно поларизирајќи ја јавноста околу способноста на властите да ракуваат со кризата.

Имено, од половина од испитаниците 57 отсто сметаат дека пандемијата се уште не е под контрола.

Неизбежен е впечатокот дека новото (не)нормално се враќа некако на сила и дека се остава борбата против корона вирусот да се сведе на свеста на граѓаните. Но, доколку се преброи колку „свесни“ функционери и нивни блиски досега се заразија од вирусот јасно е дека ризикот од заболување е голем дури и ако се почитуваат мерките.

Жално е што доколку ваквите трендови продолжат, ќе се зголемува бројот на жртвите од корона вирусот во Македонија која уште сега се наближува до 300 лица, кои имаат име и презиме и не треба да се гледаат само како статистика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на починати од корона вирусот во Македонија се ближи до 300

На респиратор 11 пациенти заразени со корона вирусот

Нов црн рекорд: 12 починати од корона вирусот, петорица од Скопје

Истражување: Зголемен страв кај македонските граѓани од зараза со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Бесиан Ахмети, кој од Муцунски е разрешен од позицијата прв секретар во Амбасадата во Брисел

Редакција

(Видео) Лимузина налета врз минувачи во САД, најмалку 20 загинати

Редакција

Министерствoто за здравство купува амбулантни возила за 30,5 милиони денари

Редакција