еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

УСЈЕ и годинава се приклучува на глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја“

Цементарница УСЈЕ АД Скопје, годинава повторно се приклучува на глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја“, информираат од компанијата.

Во периодот од 20:30 часот до 21:30 часот на 28 март, 2020 година, УСЈЕ ќе ги исклучи мелниците за цемент, а покрај тоа од електричното напојување ќе бидат исклучени и другите постројки кои не се од витално значење.

Покрај тоа УСЈЕ ги повика и своите вработени кои во овој период се во своите домови како резултат на редуцирањето на персонал согласно препораките за социјална дистанцираност заради заштита од ширење на вурисот Ковид 19, да се приклучат на оваа иницијатива од своите домови.

Со приклучувањето кон глобалната акција „Часот на планетата земја“, УСЈЕ ќе заштеди над 10 MWh електрична енергија, што е приближно на количеството енергија неопходна за напојување на околу 20.000 светилки.

“Со остварената заштеда на електрична енергија Цементраница УСЈЕ придонесува во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени.

Согласно светската препорака за социјална изолација како превенција од ширење на Ковид 19, Светскиот фонд и глобалните канцеларии на иницијативата „Часот на планетата земја“ препорачаа годинава сите активности да се одбележат виртуелно во насока на зачувување на јавното здравје и безбедност на населението.

Од декември 2008 година, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.

Дополнително, во 2014 година, Цементарница УСЈЕ целосно ги исполни сите обврски предвидени со Дозвола за управување со оперативен план – А–Интегрираната Еколошката дозвола, а продолжи и со реализацијата на бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Новата Мис на Медитеранот е Мија Стерјовскa

Редакција

Денис Јанкуловски Космонаутко е помеѓу предложените здравствени работници за „Европејци на годината“, од страна на Делегацијата на ЕУ

Редакција

(Фото) Вината на Бовин прогласени за вина со карактер и едни од најдобрите на светот во својата категорија

Редакција