еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Љушев и Пројкоски не се назначени од Владата, велат од Македонски Телеком за аферата „Паразити“

Во врска со аферата „Паразити“ во која се посочуваат платите на државните службеници, за да не се доведе јавноста во заблуда, Македонски Телеком информира дека Македонски Телеком не е јавно претпријатие, ниту државна институција, туку една од најуспешните компании со странски капитал во земјава, која уште од 2001 година е дел од интернационалната групација Дојче Телеком.

-Компанијата, повеќе од 20 години функционира во конкурентно опкружување со други интернационални брендови.

Позициите главен извршен директор, на која е Никола Љушев и главен директор за финансии на која е Славко Пројкоски не се позиции на јавни службеници назначени од Владата, туку високи деловни функции кои носат одговорност за целокупното работење на компанијата.

Овие позиции подразбираат поседување на соодветно искуство, докажана експертиза и преземање деловни активности за постигнување резултати согласно плановите и стандардите на Дојче Телеком групацијата, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави дека тројца функционери за еден мандат земаат заедно 1 милион евра

Фото: Телеком

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски просечни нето плати во март

Редакција

Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција

Редакција

Руската банка Сбербанк го напушта европскиот пазар

Редакција