Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои еМагазин секојдневно ги пренесува, во Македонија оздравени се 240 здравствени работници, заклучно со податоците до 27.мај, што преставува нов минимален раст.
Вкупниот број пак на заболени здравствени работници, според податоците на ИЈЗ, изнесува 261 или 12,6% и тој деновиве стагнира или бележи минимален раст.
Согласно овие податоци излегува дека заболени остануваат уште 21 здравствени лица.
Вчера беше регистриран првиот смртен случај од корона вирусот кај здравствен работник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој од тројцата новопочинати од корона вирусот немал контакт со потврден случај
Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија
Фото: Факултет за ветеринарна медицина
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.