еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд ќе ја оценува одлуката за распуштање на Собранието

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд.

„Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020).

Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот, се зазеде став седницата да продолжи во наредните денови за што јавноста ќе биде известена навреме“, стои во соопштението од Уставниот суд.

Од Уставниот суд информираат дека и во услови на вонредна состојба продолжува да ги извршува своите уставни надлежности и ја следи и анализира состојбата со донесувањето на уредбите со законска сила од страна на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе Уредба за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор

Владата усвои Уредба за интерветна набавка на 200 респираторни машини

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Владата со уредба ги запира манипулациите на големите трговци на јужно овошје

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја надградиме бугарската позиција со дополнителни работни групи со Македонија, повтори Петков

Редакција

Бугарското обвинителство ги отфрли верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можна причина за несреќата во Бугарија

Редакција

Граѓаните кои се вакцинираа во Србија ќе може да патуваат со документот издаден таму, ист ќе биде и македонскиот сертификат

Редакција