еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на Општина Центар во 2014-та година

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014-та година. Основна причина поради што судот се одлучил за поведување постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа.

Од Уставниот суд информираат дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП-от, кој се однесува на Градска четврт Ј 07.

– Решението за поведување постапка ќе биде доставено на Општина Центар како доносител на актот и треба да се изјасни во одреден рок, по што советникот и судијата-известител ќе го напишат конечниот предлог кој треба да се разгледа и одлучи на седница на Уставниот суд, се наведува во соопштението од Уставниот суд.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Редакција

(Галерија) Кои се најдобрите ресторани во Скопје за 2021 година

Редакција

Медицински сирупи на „Мејдн фармацеутикалс” усмртија 66 деца во Гамбија, им ги оштетиле бубрезите

Редакција