еМагазин
Image default
Македонија

Утре ќе има на располагање уште 100 дополнителни кревети за ковид пациенти на хируршки клиники и педијатрија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека поради притисокот и барањето за дополнителни кревети, дел од хируршките клиники и педијатрија се пренаменети за ковид-пациенти при што се ослободени дополнителни 100 кревети.

Утре, пак, еден кат од Центарот за рехабилитација во Козле ќе биде наменет за 40 пациенти за кои има кислородна поддршка, а доколку има потреба ќе бидат пренаменти сите 180 кревети.

Филипче истакна дека има голем притисок врз болниците во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, а во Кавадарци имало сериозно намалување на инциденцата на заболени, што според министерот дава за право да се надеваат дека полека вирусот ќе попушта имајќи предвид дека после од шест до осум недели, бројките ќе се намалуваат.

Во Тетово, Гостивар и Велес имало доволно капацитети, а во Прилеп и Битола не биле во функција модуларните болници.

Филипче истакна дека не се решава само проблемот со број на кревети, туку и со кадар, се прави план кој, каде и како ќе работи под супервизија на интернисти од Клиниката за пулмологија, кои се во доволен број. Оттука, рече министерот, нема потреба од ангажирање на лекари од приватните болници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Докиќ: Здравствениот систем се менаџира добро, за сите има лекари и терапија по европски протоколи

Не може со точност да се тврди дали британскиот сој дава потешки компликации, вели Докиќ

„АстраЗенека“ е безбедна и сите вакцини штитат од мутираните соеви на Ковид-19, вели Докиќ

Останувам на ставот за вакцинација со „АстраЗенека“ ќе се вакцинирам во април, вели Филипче

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запалено службеното возило на директорот на Идризово, пожарот зафатил и дел од зградата каде живее

Редакција

Црквите ќе бидат отворени за Велигден, причестување може и во домашни услови

Редакција

(Видео) Пресечен меѓународен транспорт на дрога вредна околу 500.000 евра, приведени три лица

Редакција