еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

На Инфективна за корона вирус се тестира лице од Струмица, двајца Бугари во Битола во изолација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес-конференција информираше дека утрово едно лице се тестира за корона вирус на Инфективната клиника.

Лицето е од Струмица и во државата пристигнало на 22 февруари, но симптомите ги добило по една недела. Тој и претходно телефонски се јавил во еден од Центрите за јавно здравје.

Двајца бугарски државјани, работници во Битола исто така се ставени во домашна изолација, по препорака на Центарот за јавно здравје во Битола и нивната состојба се следи.

Тој рече дека предложил до Владата да се забранат сите јавни собири со акцент на карневалите во Струмица и Прилеп, но исто така даде препорака и за откажување на спортските натпревари.

Што ќе биде одлучено, ќе зависи од седницата на Влада на која ќе се расправа по оваа точка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И прилепскиот карневал „Прочка 2020“ се откажува поради корона вирусот

Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 5.408: Од Ковид-19 починаа 10 лица

Редакција

Првото рочиште за случајот „Беса Транс“ одложено за 15 ноември

Редакција

УХМР со предупредување: Претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Редакција