еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вакцинацијата во Македонија ќе почне месецов со 200.000 кинески вакцини, најави Филипче

Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе подготвениот систем ќе го почнеме со тие вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот на испорака, а ќе пристигнат 200.000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сите вакцини кои се на пазарот се безбедни, сите се развиени на безбедни платформи и многу тешко се стигнува до нив.

– И овие преговори кои ги водиме сега со „Фајзер“, и тие кои ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, заради тоа што и самите компании се под огромен притисок. Нема политика, сите вакцини се безбедни и секогаш здравјето е приоритет, посочи Филипче.

На прашањето каков пристап има земјава кон тоа што неколку европски земји се изјасниле дека вакцината на „АстраЗенека“ нема да ја даваат на население над 64-годишна возраст, министерот Филипче потенцираше дека тоа е став на неколку национални агенции од неколку европски земји, сѐ уште не е влезено во официјалното упатство, меѓутоа сигурно дека ќе се следат насоките од официјалните европски агенции.

Додаде дека засега нема разговори за руската вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаете за вакцината на АстраЗенека, која прва ќе пристигне во Македонија преку КОВАКС системот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23 прекршувања на полицискиот час, 455 казни за неносење маска

Редакција

Во ковид центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90

Редакција

Може да бидат готови и за пократко од 15 дена: Заев најави дека уставните амандмани ќе се прават со опозицијата

Редакција