еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел: Вакцината на „Фајзер“ е помалку ефикасна против делта сојот на Ковид-19

Израел соопшти за намалена ефикасноста на вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ против Kовид-19 при спречување на инфекции и симптоматски заболувања, но исто така наведува дека останува многу ефикасна во спречување на сериозни болести предизвикани од коронавирусот.

Намалувањето на ефикасноста на вакцината се совпадна со проширувањето на делта мутацијата на коронавирусот и укинувањето на ограничувањата за физичка оддалеченост во Израел.

„Ефикасноста на вакцината во спречување на инфекции и симптоматски заболувања се намали на 64 проценти од 6 јуни“, објави израелското Министерство за здравство.

Истовремено, вакцината на „Фајзер“ е ефикасна 93 проценти во спречување на хоспитализации и сериозни заболувања од коронавирусот.

Портпарол на компанијата „Фајзер“ одби да ги коментира податоците од Израел, но наведе други истражувања кои покажале дека антителата произведени од оваа вакцина сепак се во можност да ги неутрализираат сите тестирани варијанти на Ковид-19, вклучувајќи ја и делта мутацијата, иако со намалена моќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот останува иста

Редакција

Приведена скопјанка која им овозможила на возрасни лица секс со малолетнички, при што и ги снимале

Редакција

Судење за “Плацови на Водно“: Судот ги одби „бомбите“ на Груевски со Камчев

Редакција