Од легендарниот македонски композитор, пејач и актер Зафир Хаџиманов, кој почина поради компликации од Ковид-19, на Фејсбук се збогуваше и неговиот син Васил, исто така познат и успешен музичар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Почина легендарниот Зафир Хаџиманов како последица од компликации со Ковид-19
„Почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Зад себе остави вистинското богатство, од песните коишто така мајсторски лесно ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па сѐ до ненадминливите улоги во театарот и на филм.
Но, пред и над сето тоа, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата ограмна љубов, внимание и поддршка. Сенка и тој беа една од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори. Ненадминливи!
Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата сѐ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа додека тоа го прави истовремено да биде врвен шмекер… тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува!
Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш! Ви благодарам на сите на зборовите на поддршка“, напиша Васил на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/Хаџиманов