еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Велика Британија влезе во рецесија

Велика Британија од јануари е во рецесија, но таа ќе биде пократка и помалку тешка отколку што се претпоставуваше, објави денеска Банката на Англија.

Се очекува рецесијата да трае нешто повеќе од една година, бидејќи се намалуваат сметките за енергенсите, а цените бавно растат, што може да резултира со помал раст на невработеноста и помалку отпуштања.

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки од 3,5 на четири отсто, што е највисоко ниво во изминатите 14 години.

Тоа е 10-то зголемување на трошоците за задолжување и ќе го зголеми притисокот врз многу домаќинства кои веќе се соочуваат со зголемени животни трошоци.

Централните банки ги зголемуваат каматните стапки за да се справат со инфлацијата, што во Велика Британија изнесува 10,5 проценти, што е највисока стапка во изминатите 40 години.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телата на трите члена од семејството од Косово, пронајдени во Лепенец

Редакција

Жената која загина во несреќата во Чаир е на возраст од 69 години

Редакција

(Видео) Откриена лабораторија за амфетамин во Скопје и запленета дрога вредна половина милион евра

Редакција