еМагазин
Локално

Велосипедист прободен со нож од автомобил во движење

На 30.08.2018 година во 21,30 часот во Полициската станица Карпош, А.Ш.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,10 часот на булеварот „8-ми Септември“ со нож бил прободен во грб од страна на лицето А.С. од Скопје, соопшти МВР.

А.Ш. со неговиот другар Е.Ш. возеле велосипед. Во тоа време до нив се доближило патничко возило „Форд“ со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Прилепчанец почина по удар од комбе во индустриската зона во Струмица

Редакција

Редуциран возниот ред на ЈСП „Скопје“

Редакција

Експлозија во центарот на Гевгелија, едно лице го загуби животот

Редакција