На 17.09.2018 година во 11,45 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на улица „Алија Авдовиќ“ патничко моторно возило “Опел Антара“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.Р.(65) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.М.(70) од село Сингелиќ, скопско, информира МВР.
Велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.