еМагазин
Image default
Македонија

Верушевски вели дека Груевски, бил „мозокот“ на прислушувањето, а не Мијалков

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски на денешното вкрстеното испрашување за случајот „Таргет – Тврдина“, како сведок рече дека документацијата (како што тој ги нарекува „бомбите“) била создадена и креирана од поранешниот премиер, кој е во бегство во Унгарија, Никола Груевски, кој сакал да ја задржи власта по секоја цена.

Документација, како што рече се собирала за да има се под контрола.

Тој рече и дека бегалците Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошковски несомнено поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја предал во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Оваа документација што ја поседува СЈО е минорна во однос на тоа што го поседуваат овие три лица. Само еден Господ знае што се друго поседуваат. Поседуваат и друга документација која не е предмет на ова обвинение“, рече Верушевски.

На прашањето на судијката Женета Бегтовиќ што мислел кога на минатото рочиште рече дека документацијата доживеала страотна компромитација и модификација одговори:

„Контурите на одговорот се овие. Базичната документација, нејзиниот обем, нејзината целосна структура беше во рацете на луѓето кои сега се во бегство во Грција и Унгарија“, рече Верушевски посочувајќи дека за модификацијата мислел во однос на тоа што базичните материјали ги поседувале овие три лица.

Тој индиректно го обвини СЈО што Груевски, Грујовски и Бошковски не се присутни во државата, како и на ова судење, потенцирајќи дека, според него, тие тројца се главни „виновници“.

Верушевски на денешното вкрстеното испрашување не доби прашање од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвнитет во овој случај.

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ ќе пресече: Ќе има ли предвремени парламентарни избори

Редакција

Двајца новозаболени и петмина оздравени од Ковид-19 во Делчево

Редакција

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ до 10 септември ќе соопшти дали ќе повикаат на бојкот на референдумот

Редакција