еМагазин
Image default
Македонија

Вицепремиерот Османи изненаден што СЈО отворило истрага за него

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по повод најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Пациент“, во која е еден од осомничените во соопштение до јавноста истакнува дека отсекогаш работел според закон и во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

„Информацијата за отворената истрага од страна на СЈО, иако уште претходно како шпекулација ја имав слушнато и прочитано во медиумите, сепак претставува изненадување за мене, особено спомнувањето на моето име во контекст на евентуални злоупотреби. Во мојата политичка и воопшто професионална кариера, и како министер за здравство порано, и сега, како вицепремиер, предводник на Секретаријатот за европски прашања, секогаш сум работел според закон, и во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, вели Османи.

Османи вели дека стои на располагање и на СЈО и на друг правосуден орган и оти истрагата ја смета за нормална и коректна.

„Наведената истрага ја сметам за нормална, коректна и професионална обврска на Обвинителството и во таа насока стојам на располагање и на СЈО, и на било кој друг правосуден орган во земјава, за соработка во интерес на идентификување на целосната фактичка состојба. Сакам да потенцирам дека немам што да кријам, напротив, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага, а со цел да се утврди вистината – дека ниту сум влијаел, ниту сум можел да влијаам, а ниту сум можел да бидам запознаен со евентуална злоупотреба, секако, доколку таква постоела“, наведува вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага „Пациент“ на СЈО: Меѓу осомничените и вицепремиерот Бујар Османи

Штета на буџетот од 80 милиони евра: 6 нови истраги на СЈО, осомничени Ставрески, Османи, Груевски…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нашата држава се вика Република Северна Македонија, а не „Република С.Македонија“, вели Заев

Редакција

Македонските граѓани заглавени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија тргнаа кон Македонија

Редакција

Филипче: Велес не е ново жариште, ситуацијата е под контрола

Редакција