Денеска се навршуваат 11 години од трагичното загинување на најпопуларниот македонски пејач на сите сите времиња, Тоше Проески.
Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година, а својот прв јавен настап го имаше како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ во 1992 година.
Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 година ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Објави седум албуми – неколку и со превод на српски/хрватски јазик.
Последниот „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.
Албумот The Hardest Thing, на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Весна Бејби за Тоше: Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, исто е како оној вторник
Фото: Hit Records
Ве потсетуваме на неговите најдобри хитови: