еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Адвокатот Менкиновски: Белешката на АНБ е единствениот доказ за притворање на Камчев, а не сме ја виделе

Предметот за незаконито лишување од слобода или „киднапирање“ на Јордан Камчев е веќе предмет на опсервација и разгледување на повеќе меѓународни ентитети на Совет на Европа, чиј мандат е заштита на основите човекови права, како и предмет на анализа и публикување во реновирани средства за јавно информирање надвор од Македонија, истакна на денешната прес-конференција, адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски.

“Причината и целта поради која е закажана оваа прес конференција е појавата на фамозната белешка од страна на “загрижен граѓанин” во Македонија и нејзино интерпретирање од страна на јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, дека истата не е доказ во постапка во која е притворен Јордан Камчев.

Имено, ова е една голема лага, а за да Ве увериме во истата, Ви ги доставуваме сите Решенија на судот со кои е ограничена слободата на Јордан Камчев, каде што експлицитно еден и единствен доказ е белешката на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Ние не знаеме дали ги има исплашено содржината на белешката, па сега се обидуваат да лажат дека истата не е доказ во постапката, а како што знаеме и како што виде македонската јавност, белешката е празна и не содржи ништо.

Да напоменеме согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ, изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка.

Би сакаме да потсетиме дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и јавниот обвинител.

Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белкешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки.

Се потврдуваат прашањата: зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ? Законските овластувања на АНБ се предвидени во Закон за агенција за национална безбедност, а согласно своите надлежности утврдени во истиот закон Агенцијата собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа: шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата и сл односно дела кои ја загрозуваат националната безбедност на државата.

Дали Јордан Камчев претставува закана по националната безбедност?

Дури и да ги добиле овие информации, во АНБ имале должност овие сознанија да ги поткрепат со докази, кои ќе ги обезбедат преку барање до Врховниот суд да дозволи ПИМ мерки за следење на лицето Јордан Камчев, или преку оперативно следење.

Спротивно на тоа, тие без обезбедување на докази ја дале оваа информација до јавниот обвинител Лиле Стефанова.

Чиста злоупотреба на службената положба на во АНБ, за која злоупотреба некој ќе мора да сноси одговорност. Кривична одговорност постои и за јавниот обвинител Стефанова, која врз основа на напишани непотврдени сознанија без обезбедени докази предложила мерка притвор.

Кривична одговорност и за судијата на претходна постапка кој ја одобрил мерката без да има докази за тврдењето дека лицето Камчев припрема бегство! Кривична одговорност и за судиите од Кривичниот Совет кој по истиот скандалозен основ, ја продолжија мерката притвор!“, рече тој и посочи дека одбраната на Камчев се уште ја нема видено белешкатата на АНБ.

“Морам да истакнам дека оваа белешка се уште не е доставена до одбраната, иако во повеќе наврати до различни институции ја имаме побарано и оспорено нејзината употреба.

Се имаме обратено до АНБ, судот и Врховен, до досега никој не ни одговорил! Иако според Закон за Кривична постапка, член 70 Судот и Обвинителството е должно да ги презентира доказите врз основа на кои ја изрекува мерката притвор, тие истото до ден денешен и покрај сите инсистирања на одбраната не го направиле!

Дури и да се работи за класифициран документ и службена тајна, тие се должни да ги презентираат истите откако адвокатот и одбраната им презентираа безбедносен сертификат.

Собранитската комисија ја има оддржано нејзината сединица но се уште немаме добиено известување за дисквалификација на белешката.

Зошто АНБ не ја дава на увид оваа белешка и доказите кои ги „прибавиле„ до собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ? Пратениците биле известени дека причина за тоа е бидејќи е истрагата се уште во тек! Уште една ноторна лага на директорот на АНБ. Истрагата за случајот „Плацеви на Водно„ е завршена!

Би сакал да напоменам дека ние како одбрана бараме фер постапка пред објективен и непристрасен орган во Македонија, каде низ аргументи и докази ќе докажеме дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик.

Меѓународниот мониторинг во овој случај е се поизвесен и на крај би сакале да констатираме – до кога ќе се држат случаи во фиока и ќе се забораваат без никаква одговорност!“, рече Менкиновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, 173 нови случаи на Ковид-19, оздравени 186, тројца починати

Редакција

881 нови случаи на Ковид-19 од 2.902 тестирања, најмногу во Скопје 425

Редакција

Денеска во Собрание седница за разрешување министри од Алтернатива и СДСМ

Редакција