еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави дека тројца функционери за еден мандат земаат заедно 1 милион евра

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжија со објавување на нови имиња од т.н. афера “Паразити“.

“Додека народот гладува, и семејство каде двајцата сопружници земаат минимална плата, со истата не можат да ги обезбедат сите потребни намирници, и да ги задоволат животните потреби за еден месец, функционери именувани од владата земаат плати од неколку илјади евра месечно, а за еден мандат цифрите се движат и во неколку стотици илјади евра.

И не е единствен проблем немаштијата во која живеат поголемиот број на граѓани, туку и тоа што овие функционери со ништо не ги оправдале парите кои ги земаат. Народот, не гледа бенефит од нивната работа.

Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата “Паразити“. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека Владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.

Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра.

Тоа е исто, како директорот на Телеком, Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра.

Овие тројца функционери, кои ги презентиравме денес, за еден мандат земаат, речиси 1 милион евра.

Што сработиле овие тројца функционери, и кој е бенефитот кој го има државата од нивното работење, за тие за еден мандат да наплатат 1 милион евра?

Аферата “Паразити“ го јаде системот.

Со нови детали од истата продолжуваме утре“, соопшти Ивица Томовски, член на Централиниот комитет на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Афера “Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња на функционери кои земаат високи плати

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на Жерновски и директорот на Тутунски комбинат Прилеп

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на М-НАВ, Хамиди и Крстевски

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција

Град Скопје: Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на скопјани

Редакција

Тешка сообраќајна несреќа на Пониква: Девојка загина откако џип излета во бездна

Редакција