еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Џафери во Украина: Ова е геноцид и ништо друго

Лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска престојува во Украина.

Џафери ги посетил градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се разурнати од воените дејствија.

Како што соопштија од прес-службата на Собранието, Џафери во Украина допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, и тоа на покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук.

Џафери напомена дека лично ќе се залага сликите во Украина да го добијат правото име што им следува, а тоа е, како што вели, геноцид и ништо друго.

Истовремено, во посета на Украина денеска се и претседателите на парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација.

-Особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина.

На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде, изјави Џафери.

Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Македонија.

Во рамки на посетата Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Фото/видео: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Јово Вангеловски

Редакција

На граѓаните од реон од Центар во Скопје нема кој да им ја носи поштата, бидејќи поштарот си дал отказ

Редакција

Православните верници го слават Велигден: Христос воскресе – Вистина воскресе!

Редакција