По посетата на македонската делегација на Софија, европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, објави провокативно видео со кое го повторува ставот дека Македонија е бугарска.
„Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто.
Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата“, пишува Џамбаски на Твитер.
Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но не бивало Бугарија да биде изнудувана. Заедно со видеото упатени се и неколку политички пораки под кои се потпишани Бугарските патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ.
❗️#Македония е българска. Факт, който няма нужда от доказване. Факт, който Зоран Заев забравя, когато е в Скопие. И си спомня, само когато поиска нещо.
🇧🇬 Истината не може да се заобикаля, а съдбата на всеки предател е да бъде отхвърлен от историята!#БългарскитеПатриоти 🗳1️⃣6️⃣ pic.twitter.com/kiqmLLbMxn— Джамбазки (@djambazki) June 18, 2021
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Џамбаски