Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите.
Откако виделе дека авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажа веднаш снимале со мобилните, по што видеото заврши на социјалните мрежи.
Авионот што бил принуден да слета во плиткото, како што пренесува „Јутарњи лист“, е едномоторен „ТБМ Авенџер“ кој учествувал на аеромитинг во близина на плажата, имал механички дефект во текот на летот, но пилотот успеал да слета и да излезе од него.
„Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден“, изјавија организаторите на аеромитингот.
МИА/Фото/видео: 6abc.com/Global News/Nickolas Tree Hawley via Storyful
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.