еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство?

„Не прикривај. Пред другите…И пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“

Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на www.tukasmezatebe.mk.

Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство.

Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк.

Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами.

Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош.

Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk  или да остварат директен контакт на:

+389 33 413 695 Невладина организација  „КХАМ“ Делчево

+389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Значењето на Бадник: Првите гласници на празникот се децата коледари, известувачи за Божиќ

Редакција

Доктор Беќаровски: Од 10. август околу 1.000 невакцинирани граѓани починаа од Ковид-19, а можеа ако сакаа да бидат комплетно вакцинирани

Редакција

Самохраните родители излегоа на улица, бараат права и поголемо разбирање од институциите

Редакција