Роденденска забава на тројца млади македонски државјани на плажата Мити во местото Посиди на Касандра, првиот крак на Халкидики се претвори во вистински кошмар, пишува грчкиот весник „Прототема“.
Додека најмладиот кој има 25 години бил спасен од сурфер, по другите двајца кои имаат 28 односно 30 години се уште се трага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео од спасувањето на еден од исчезнатите Македонци на Халкидики
Потрагата по исчезнатите Македонци на Халкидики се води под лоши временски услови со силен ветер
Грчките медиуми објавија дека во спасувачката акција, која продолжува и денеска, учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.
„Роденденската забава се претворила во кошмар за тројцата туристи кои се забавувале на плажата, кога решиле да се приближат до многу опасен дел од брегот и да се нурнат во морето“, наведува „Прототема„, додавајќи дека некои од присутните на плажата сфатиле што се случило и веднаш ги известиле надлежните.
Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа за грчките медиуми објасни дека конкретната плажа е многу опасна за пливање, бидејќи има морски струи и големи бранови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме во Грција: Спасен државјанин на Македонија на Халкидики, се трага по уште две лица
Фото: Voria.gr/Видео: Newsit.grGR TIMES