еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Ќе го следи ли Скопје примерот на Њу Делхи: Бар продава кислород за спас од загадувањето

Бар во Њу Делхи одлучи на посетителите да им понуди „здив свеж воздух“ и наместо да продава цигари продава кислород. За цена од 299 рупии или околу 3,8 евра посетителите можат да се опуштат и и 15 минути да уживаат дишејќи чист воздух.

Од барот „Окси пјур“ нудат кислород со различна арома како лаванда, еукалиптус и други и велат дека секој од нив има различен ефект врз човечкото тело.

Њу Делхи е познат како еден од најзагадените градови во светот и често е во друштво на Скопје и другите македонските градови кои редовно се јавуваат во врвот на листите градови рангирани по загаденост на воздухот.

Останува да видиме дали некој од претприемачите во Скопје ќе му текне оваа идеја да ја преслика во главниот град на земјава, а посебно по реакциите во јавноста дека не се почитува регулативата и дека „деновиве“ слободно се пуши и во затворени објекти.

Фото/Видео: Al bavaba/Youtube/RT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир и Тетово

Редакција

Сестрата на Османи се вработила во М-НАВ кога тој беше министер за здравство

Редакција

До средината на март ќе бидат затворени поголемите хотели на охридско-струшкото крајбрежје

Редакција