еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Видео+Фото) Донирајте и создадете ѕвезда на небото на СОС Детско село

Започнаа празниците и полека секое срце се исполнува со топли и пријатни чувства. Сепак, тоа е најважно и треба среќата да блеска кај секој од нас. За да го направат тоа за децата, СОС Детско село ја започнаа кампањата „Замени ги незаменливите бидејќи секое дете ги заслужува ѕвездите“. Со донирање на sos.org.mk малите ќе знаат дека има многу кои се грижат за нив и дека не се сами во овие денови.

На sos.org.mk се наоѓа небото на СОС Детско село и преку неколку едноставни чекори секој може да ја поддржи нивната мисија за „Топол дом и грижа за секое дете“. Тие што донираат добиваат своја ѕвезда каде може да остават порака за дечињата.

За сите кои не се во можност да ја добијат својата ѕвезда онлајн, може да го посетат небото на СОС Детско село во Cineplexx.

СОС Детско село ги подарува овие ѕвезди за донаторите затоа што децата ги гледаат секојдневно. Така тие знаат дека не се сами и дека има луѓе кои што ги сакаат.

 

Ова е порака и надеж за малите и СОС Детско село ја откри нејзината значајност на социјалниот експеримент во Cineplexx во Скопје. Неколку анонимни лица подготвија специјални видео-пораки за своите најмили. Тие беа емитувани на големото платно и нивните најблиски беа целосно изненадени од најмоќната порака на светот – „Те сакам“.

Се повикуваат сите заедно да создадеме соѕвездие на љубовта на небото на СОС Детско село на sos.org.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕЛС ќе врши бесплатна достава до болниците и до семејствата на повредените во стравотната несреќа во Кочани

Редакција

Готвачот Антонио Јанковски моли за помош, се бори со рак и пневмонија

Редакција

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Редакција