На денешната прес-конференција, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска по вчерашното тврдење дека кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, објави бугарска лична карта на Даниела Арсовска од Петрич.
“Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.
Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.
Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич, која патем се уште е важечка.
Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието“, рече Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев: Арсовска е државјанин на Бугарија, за кмет може да се кандидира во Бугарија
Фото/видео: СДСМ