Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами заедно со вработените на комуналното претријатие вчера навечер работеше во расчистување на снегот и мразот од тротоарите, како и фрлање на сол.
Од фотографиите споделени на социјалните мрежи се гледа како Касами заедно со директорот на ЈКП Тетово, Нуредин Фетаи со лопати во раце копаат и отстрануваат снег и мраз од замрзнатите градски тротоари. Исто така им помогнаа на работниците во фрлање на сол.
-Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност, напиша Касами.
Градоначалникот пред два дена на вработените во Комунална хигиена им вети нови униформи и опрема за работа, повисоки плати и подобри услови за работа во нивните простории.
МИА/Фото/видео: Касами/Фејсбук