Црногорската полиција утринава ги уапси градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ, претседателот на општинското собрание Крсто Радовиќ и уште неколку локални функционери.
Тие биле уапсени откако претходно не бил дозволен влез на Управната инспекција во просториите на Општината Будва.
Во градот е тензично, а црногорските медиуми пренесуваат дека причина за хаосот е промена на локалната власт односно нејзинотo преземање од страна на мнозинство предводено од Демократската социјалистичка партија на Мило Ѓукановиќ.
Седницата на која бил формирано ново Собрание на локалната самоуправа во градот се одржала во хотел бидејќи не бил дозволен влез во општинската зграда.
Прва одлука на новото Собрание била да се „намали“ раководството на општината почнувајќи од нејзиниот градоначалник.
Фото/Видео: Youtube/RTV Budva