еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) И наводно отруениот Абрамович во Истанбул на преговорите меѓу Русија и Украина

Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави Би Би Си.

На снимките што ги објавија турските медиуми, Абрамович не се наоѓа на главната маса за преговори, но се гледа како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Време е преговорите помеѓу Украина и Русија да дадат конкретни резултати

Медиумите наведуваат дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Волстрит журнал” вчера објави дека Абрамович, кој го прифатил барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија, и украинските мировни преговарачи неодамна имале симптоми на труење по состанокот во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Абрамович и украински преговарачи биле отруени за време на руско-украинските преговори?

Неименуван американски функционер подоцна изјави дека разузнавачките податоци сугерираат дека симптомите на лошата здравствена состојба на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи биле резултат на фактори на околината, а не на труење.

Нова рунда преговори меѓу руската и украинската делегација почна денеска во Истанбул, истакна советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

Во меѓувреме, една украинска телевизија објави дека членовите на двете делегации не се ракувале пред почетокот на разговорите.

МИА/фото:chelseafc.com/Видео: Roosia news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

Редакција

Од Ковид-19 починале 8 лица, само едно без коморбидитети

Редакција

Македонската Влада се подготвува за Брегзит: Во консултација со ЕУ ќе се преговара со Британија

Редакција