еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Како во Кина за два дена направија болница за лекување од коронавирусот

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, откако работници и волонтери претворија напуштената зграда во установа за итни случаи со 1.000 кревети за само два дена.

Првата група на пациенти е префрлена во Медицинскиот центар Даби во Хуанганг.

Дополнителното сместување за болните ќе биде клучно за прекумерниот медицински персонал во изолираната провинција Хубеи, што е центар на кризата.

Зградата на болницата првично била изградена како ново крило на Централната болница Хуанганг и требало да биде отворена во мај.

Сепак, локалните власти во петокот наредија завршената, но празна зграда да се користи за лекување пациенти со коронавирус, а подготовките почнаа во неделата.

До понеделник, сите кревети беа поставени како и инсталациите за струја, вода и интернет беа завршени. Повеќе од 500 работници и десетина градежни возила работеа два дена и ноќи за да ја завршат работата навреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи

Поради коронавирусот, да не си Кинез деновиве

Друга болница се гради од темели во близина на Вухан, и се очекува да биде завршена во текот на оваа недела, само една недела од почетокот на работите.

Болницата наречена Хоушенсан се наоѓа во западните предградија на Вухан, центар на новата епидемија на коронавирус, од кој досега животот го загубија најмалку 170 лица и заразени се повеќе од 7.700 лица.

Властите ангажираа четири градежни компании да комплетираат медицински центар на шест хектари со 1.000 кревети во округот Каидиан за една недела.

Болницата се очекува да ги прими првите пациенти на 3 февруари, јавуваат кинеските државни медиуми.

Кина гради најмалку четири болници за лекување заразени од коронавирусот за да го спречи ширењето на болеста.

МИА/Видео: PEOPLE NEWS/Фото: Darley Shen/Reuters

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на коранавирусот

(ВИДЕО) Сами се бодрат пеејќи: Емотивни снимки од кинескиот град Вухан кој е во карантин поради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки снимки од уличните битки на Хамас и израелската војска

Редакција

Меркел доби понуда од Гутереш да работи во Обединетите нации

Редакција

Русија не е виновна за извоз на житото, Украина ги минираше пристаништата, вели Путин

Редакција