Актуелната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе биде вицепремиерка за економски прашања во техничката Влада.
До сега, на јавноста и беше позната по нејзината работа како министерка, но еве помалку познати факти за неа, кои повеќе се однесуваат на приватниот живот.
Првото нешто што секое утро го прави е се тушира. Помеѓу турско кафе и еспресо, бира турско. Доколку може да бира, би сакала да оди на кафе со Клара Цеткин. Омилен филм и е „Џокер“. Ако нејзиниот живот би бил филм, би се викал „Невозможна мисија“. Од животни сака и маче и куче.
Омилено телевизиско шоу и е „Преспав“. Книга која ја купила, но се уште не ја прочитала е „Бикаминг“.
Омилен бенд и е „Ју ту“, омилен изведувач Стјепан Хаусер. Дует би сакала да сними со Бредли Купер. На работа во кабинетот, има лента за трчање.
Три збора со кои најдобро ја опишува работата како министерка се работа, работа и само работа.
Најкул во нејзината работа го смета тоа што има топ тим со кои правиме одлични промени. Најтешкиот дел од работата како министерка е убедувањето дека промените се возможни.
Најгорда е со мерката што нема повеќе деца во институции. Мерки на кои е горда на Владата се социјална заштита, социјална реформа, минимална плата и НАТО.
Смета дека она во што не успеала е да донесе нов Закон за работни односи што ги почитува работничките права и што обезбедува флексибилност.
Кога не би била политичарка, би била активисткаа, а како мала сакала да биде ветеринарка.
Од опозицијата најмногу ги цени Митко Јанчев и Даниела Рангелова. Омилена боја и е црвена.
Доколку би имала супер моќ би сакала со нејзиното вдишување и издишување да предизвикува ветар и да го исчисти воздухот во Македонија. Батериите ги полни со синот кој многу често е кај нејзе на работа или со нејзе на настани.
Последно се расплакала со децата од малите групни домови кои гостуваа во Владата. На десетгодишната Мила од оваа временска дистанца би и кажала: „Мила немој да се секираш, се што сметаш дека е невозможно ќе стане реалност.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Спасовски технички премиер, Царовска на местото на Анѓушев
Каков имот пријавила Мила Царовска, која е кандидат за технички премиер
(Фото) Министерката Царовска со синчето во посета на бездомниците во Момин Поток
Фото: Влада/видео: СДСМ