еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Косово доби нова Влада, ќе ја води Авдулах Хоти

Парламентот на Косово денеска даде поддршка за формирање нова Влада под водство на Авдулах Хоти, заменик-претседател на Демократската лига на Косово (ЛДК), пренесуваат косовските медиуми.

На гласањето присуствуваа само 86 од вкупно 120 пратеници, од кои 61 гласаа „за“, 24 гласаа „против“, а еден беше воздржан.

Новата Влада е формирана од коалиција меѓу ЛДК која има 28 пратенички места, Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) која има 4 пратенички места, Алијанса за иднината на Косово (ААК) која има 13 пратенички места и Срспка листа, која има 10 пратенички места.

Девет пратеници од малцинските заедници исто така гласаа за новата Влада.

На седницата не присуствуваа пратениците од најголемата парламентарна група на Движење за самоопределување (ВВ) на Албин Курти, која пред само четири месеци формираше Влада, која падна по одлука на Уставниот суд.

Присутен беше само шефот на пратеничката група Реџеп Селими, кој во своето обраќање рече дека формирањето нова влада претставува грабеж и газење на волјата на граѓаните.

„Некои губитнички партии, некои мали и некои малку поголеми партии, се собраа за да ѝ ја украдат победата на победничката партија. Владата која се обидувате да ја формирате е производ на измама. Таа е илегална бидејќи произлезе од неправедната пресуда на Уставниот суд“,  изјави Селими.

Инаку, кабинетот на Хоти, според неговиот предлог кој го изнесе пред пратениците, ќе има четворица заменици премиери и 15 министри

Вицепремиери се Бесник Тахири, Дритон Селманај, Албулена Баљај и Горан Ракиќ.

Нов министер за правда е Селим Селими, за одбрана Антон Ќуни, кој и досега го водеше истиот ресор, за внатрешни работи Агим Велиу, за надворешни работи Мелиза Харадинај, за заедници и враќање Даливор Јевтиќ, а досегашната министерка за образование Хикмете Бајрами во кабинетот на Хоти ќе ги води финансиите.

Новиот премиер Хоти рече дека намерата на партнерите од новата владина коалиција за формирање влада била единствено заштитата на човековите права и слободи и напредокот на државата.

Тој рече дека прифаќањето на кандидатурата за премиер претставувало не баш лесен предизвик.

„Чувствувам одговорност пред пратениците, пред граѓаните и Уставот за задачите кои не очекуваат. Нација сме на која ѝ треба влада која ќе ѝ служи, а не обратно, влада на која ѝ треба нација за експериментирање. Појдовме единствено од општествениот интерес. Новата влада нема да има ниедна друга моќ, освен онаа што извира од Уставот“, изјави Хоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна косовската влада на Курти

Косово доби влада: Албин Курти е новиот премиер

(Видео) Екстремист што се заложи за Албанска федерација: Кој е новиот косовски премиер Аљбин Курти?

Фото/Видео: Prishtina insight/Klan kosova

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари: Подготвивме програма од пет точки, ако се прифатливи за Владата ќе преговараме за кадровските решенија

Редакција

Пожарот во Тетово конечно е изгаснат, вели Касами

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ +“, со негативен изглед

Редакција