Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби ги испратија македонските фудбалери за Португалија каде што треба да играат за пласман на Светско првенство во фудбал.
„Ова што сте го направиле не е резултат на среќа, туку е резултат на голема работа, големо откажување, големи работи од кои сте се откажале како млади, за да постигнете лични кариери заради кои ве почитуваат во целиот свет.
Вие сте во моментов најсветлата точка на сите граѓани во државата. Цел македонски народ и сите граѓани на нашата држава се со вас. Веруваме дека ќе отидете во Португалија и ќе победите.
Како Влада она што најмалку можеме да направиме е доколку се пласирате на Светско првенство, ќе издвоиме половина милион евра како награда за играчите и стручниот штаб,“ им порача Ковачевски на фудбалерите.
Натпреварот со Португалија ќе се игра во вторник.
Фото: ФФМ/видео: Влада