еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) „Криминалот не треба да се заборави“: Нов масовен протест во Атина за железничката несреќа

Дел од грчките синдикати и вчера одржаа протести во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати лица.

Демонстрантите уште еднаш го изразија нивниот протест за трагедијата пред 12 дена, порачаа дека „криминалот не треба да се заборави“, дека одговорните треба да бидат казнети, но и да се преземат мерки за побезбедни возови.

И овој пат, протестот беше масовен и мирен пред грчкиот Парламент, а по завршувањето се случија мали и изолирани инциденти, кога група маскирани лица се одвои од главниот блок и се судри со полицијата на еден од плоштадите во Атина во моментите додека се движеше кон железничката станица.

Протестите во Атина и другите грчки градови започнаа по несреќата и веќе извесен период континуирано се одржуваат, а за в четврток, закажан е нов генерален штрајк организиран од двата најголеми синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор.

МИА/Фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Портокалово ниво на опасност: Денеска и утре температури и над 40 степени

Редакција

Годишен раст од 4,3% на вкупните депозити и од 10,1% на вкупната кредитна поддршка

Редакција