Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје ја победи селекцијата на Косово со 2:1 и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европско првенство 2021 година.
Финалето против Грузија македонските фудбалери ќе го играат на 12. ноември на стадионот „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси.
Фудбалерите победата ја прославија со познатата македонска песна „Едно име имаме„:
Едно име имаме! Браво момци! pic.twitter.com/dGEAQHOgyj
— Big Cojones (@BigCojones6969) October 8, 2020
Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.