Сопственикот на Амазон, милијардерот Џеф Безос, кој е моментално и најбогат во светот, стана вториот милијардер кој се „прошета“ до вселената со сопствена ракета.
Друштво му правеше брат му Марк, како и 82-годишната Воли Фанк, која во 60-тите години на минатиот век, била дел од група жени астронаутки, кои никогаш не добиле шанса да летаат во вселената и 18 годишниот холанѓанец Оливер Дејмон, кој платил (поточно татко му) за оваа авантура.
Фанк е најстариот човек кој патувал во вселената, а Дејмон најмладиот.
Пред Безос до вселената се „прошета“ и сопственикот на Вирџин, Ричард Брансон.
Летот на Безос до вселената, кој нема дилема е историски, предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи низ светот.
Додека илјадници луѓе низ светот гладуваат, милјардерите не знаат што да прават со нивните пари, е еден од честите коментари.
Фото: НАСА/видео: SciNews