еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) МВР апелира доколку граѓаните препознаат некој од хулиганите да пријави на 192

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

– Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки, стои во денешниот апел од МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи, се подвлекува, ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

– Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Полицајци пред Собрание при апсење легнаа врз момче, кое врескаше и се жалеше на болки

(Видео) “Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието“: Џафери објави снимки

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се менува Законот за адвокатура: Се воведува континуирана обука со фонд на часови

Редакција

Убава вест: Оздравени 376 болни од Ковид-19

Редакција

Нема положување на светиот крст годинава: Православните верници го слават Богојавление-Водици

Редакција