Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома!, пишува министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
“Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!
Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!„, напиша тој.
Фото/видео: Фејсбук/Детска клиника/Филипче
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.