еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собрание

По Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесне кривични пријави против претседателот на Собранието, Талат Џафери и двајцата пратеници од мнозинството, кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собрание да гласат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание

“Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите.

Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава.

Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

Од таму потенцираа и дека е прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во октомври 2020 година.

“Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно“, потенцираа од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собранието

Мицкоски најави кривични пријави за доаѓањето на пратениците позитивни на Ковид-19 во Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„АС Сењак“ ги продаде сите акции во Жито Полог

Редакција

Се бориме за професионалност, не за Македонци или Албанци, не за поединци, не за партии, вели Тасевски

Редакција

Боки 13 итно пренесен на Клиника поради влошено здравје

Редакција