еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Најмалку 21 загинати во разорен земјотрес во Турција

Бројот на жртвите во разорниот земјотрес кој синоќа го погоди истокот на Турција изнесува најмалку 21 лице, пренесуваат светските агенции.

Земјотресот со магнитуда од 6,8 по Рихтер беше регистриран во 20:55 часот по локално време, а беше проследен со 35 последователни потреси со магнитуди меѓу 2,5 и 5,4.

Епицентарот на главниот подземен удар бил во источната провинција Елазиг, со околу 400.000 население, а хипоцентарот на длабочина од 10 километри.

Во двете провинции кои се најсилно погоден, Елазиг и Малатија, пријавени се над 1.000 повредени лица, а според локалните медиуми материјалната штета е голема.

Од почетокот на 2020 година Турција веќе ја погодија неколку силни земјотреси.

Фото: IHA via AP/видео: You tube/VOA News/A Mura/Elite World

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.085

Редакција

Од Град Скопје уверуваат дека сите автобуси на приватниците возат и дека нема застој

Редакција

Агенцијата „Контакт бизнис“ го доби тендерот на Катастарот за привремени вработувања „тежок“ 130.000 евра

Редакција