еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Некогаш најбогатиот во регионов, бизнисменот Тодориќ екстрадиран во Хрватска и веднаш испратен во затвор

Хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ, кој со години според Форбс беше најбогатиот во регионов, синоќа ѝ беше предаден на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

По слетувањето на загребскиот аеродром „Фрањо Туѓман“, поранешниот прв човек на Агрокор, директно од авионот беше одведен во полициско комби со кое беше превезен во затворот Реметинец.

Тодориќ се врати во Хрватска по една година откако по потерница беше уапсен во Лондон.

Истрагата против Тодориќ, неговите синови Иван и Анте и дванаесет менаџери и ревизори на Агрокор почна минатата година поради незаконско стекнување на околу 150 милиони евра, при што истражен затвор беше одреден само за Тодориќ.

Фото: Пиксел/Видео: Al Jazeera Balkans

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Синот на српскиот претседател Вучиќ заболен од коронавирусот

Редакција

Детали за авионската несреќа кај Кавала: Сите загинати се украински државјани

Редакција

Најмалку 40 деца и неколку возрасни се заразиле со Ковид-19 во два летни кампови на Халкидики и на Крит

Редакција